Џенифер Лопез и Алекс ја китат елката заедно со четирите деца

Џенифер Лопез и Алекс ја китат елката заедно со четирите деца

Празнична атмосфера завладеа во домот на Џенифер Лопез и Алекс Родригез. Популарниот пар ја китеше големата новогодишна елка со четирите деца и сподели фотографии и видео од семејното дружење.

49-годишната пејачка и 43-годишниот поранешен спортист имаа помош од 10-годишните близнаци Еми и Макс, 10-годишната Ела и 14-годишната Наташа.

Џеј Ло и Алекс по вторпат ќе слават Божиќ и Нова година заедно. Минатата година, новогодишните празници тие ги минаа исто така во Мајами.