Џенифер Лопез е сексапилна ѕвезда во новата кампања на Версаче

Џенифер Лопез е сексапилна ѕвезда во новата кампања на Версаче

Не е изненадување што Џенифер Лопез е водечка ѕвезда во најновата кампања на Версаче, со оглед на фактот што колекцијата е инспирирана од иконскиот фустан кој таа го носеше на Греми во 2000 година и што токму таа ја затвори ревијата за истата колекција пред 4 месеци.

50-годишната актерка и пејачка,  позираше за новата кампања, која го истражува заматувањето на линиите помеѓу јавниот и приватниот живот во денешното интернет општество.

Пред 20 години, со своето појавување на Греми во разголен фустан, Џенифер стана апсолутен хит и толку многу луѓе пребаруваа на Google да пронајдат фотографии од нејзиниот изглед што ги поттикна основачите да го создадат Google Images.