Џенифер Лопез е блескава дива на SAG Awards

Џенифер Лопез е блескава дива на SAG Awards

50-годишната актерка мамеше погледи во елегантна црна креација со голема панделка од Жорж Хобеика и накит од 9 милиони долари.

Шесте впечатливи дијамантски парчиња накит од Хари Винстон кои ги носеше таа се вкупно 199.26 карати. Џенифер беше номинирана во категоријата Најдобра актерка во споредна улога, но за жал, не успеа да добие награда.