Џенифер Анистон,заводлива дива на фотосесија за „Interview“

Џенифер Анистон,заводлива дива на фотосесија за „Interview“

Славната актерка од серијата „Пријатели“ го одбележа 51-виот роденден со заводлива фотосесија за списанието „Interview“.

Модни куќи како Версаче, Живанши и Сен Лоран позајмија свои креации за снимањето на фотосесијата со шармантната филмска ѕвезда.

Сандра Булок ја интервјуираше Анистон за списанието и во еден дел таа изјави дека гледа деца во нејзиниот живот во иднина.

На прашањето што е тоа што сака да го направи во животот, а досега не го направила, таа изјави: „Не се работи за тоа колку нешта сакам да направам, туку за една мала слика во мојот ум, каде го слушам океанот, го гледам океанот, слушам смеа, гледам деца како трчаат, слушам мраз во чаша, мирисам храна која се готви. Тоа е најрадосната слика во мојата глава“.