Џенифер Анистон и Бред Пит со искрени прегратки и честитки на SAG Awards

Џенифер Анистон и Бред Пит со искрени прегратки и честитки на SAG Awards

Џенифер Анистон и Бред Пит неретко присуствуваат на истите холивудските свечености.

Нивната синоќешна средба на SAG Awards моментално е жешка тема за која сите зборуваат.

Поранешните партнери случајно се сретнаа зад сцената, се прегрнаа и се фатија за раце, честитајќи си за добиените награди.

И двајцата актери се закитија со награди на свеченоста. Статуетката за Извонредна изведба на актер во споредна улога заврши во рацете на Бред, додека Џенифер ја прими наградата за Најдобра актерка во драма.

Во својот говор, Бред се шегуваше за своите неуспешни бракови и за гостувањето во серијата „Пријатели“, а Џенифер не остана рамнодушна на неговите зборови.

Подоцна, Пит беше уловен зад сцената додека на телевизор го гледаше говорот на Анистон.