Џенифер Анистон и Бред Пит повторно заедно

Џенифер Анистон и Бред Пит повторно заедно

Џенифер Анистон и Бред Пит се разведоа во 2005 година, но денес се во добри односи.

 

Бред Пит бил еден од многуте повикани на божиќната забава која во својот дом ја организираше Џенифер Анистон. Поранешните сопружници се дружела со поголем број на славни на нејзината забава за украсување на божиќното дрво.

Гвинет Палтроу, Кејт Хадсон и Џими Кимел се само некои од оние кој славната актерка ги повика кај себе.

„Бред и Џенифер се во контакт од нејзиниот последен роденден, и сакаат да бидат пријатели“, тврди изворот.

Бред тогаш беше повикан на нејзиниот 50-годишен роденден, а потоа се слушнале уште неколку пати.