Џенифер Анистон го прослави 51-от роденден

Џенифер Анистон го прослави 51-от роденден

Холивудската ѕвезда,Џенифер Анистон, вчера наполни 51 година.

Актерката која го негува природниот изглед, долго време е едно од омилените лице кои со задоволство сите го гледат на малите екрани, уште од времето на нејзината улога Рејчел во култните „Пријатели“. Денеска ретко кој би поврувал дека Џенифер има 51 година, судејќи по витката линија на телото на која многумина можат да ѝ позавидат.

Бидејќи неодамна отвори Инстаграм профил и продолжува да соборува рекорди, роденденски честитки имаше на сите страни и од различни јавни личности, а меѓу нив, беше и честитката од популарната водителка Елен Деџенерис која во свој стил и го честита роденденот.

Инаку Џенифер го прослави својот роденден со својата блиска пријателка Кортни Кокс, на вечера во ексклузивниот Sunset Tower Hotel.