Џени Молен се фотографирала гола и има драматичен изглед!

Џени Молен се фотографирала гола и има драматичен изглед!

Џени Молен, сопруга на американскиот актер Џејсон Бигс, на својот Инстаграм профил споделила со своите обожаватели дека има голем здравствен проблем.

Американската актерка се фотографирала гола пред огледало, сакајќи да укаже на еден сериозен здравствен проблем за кој до неодамна не била свесна.

“Не знам како да го објаснам својот слаб изглед. Не мислев дека е нешто лошо сè до минатиот петок, кога добив оток на вратот поради што веднаш морав да посетам лекар. Сè уште ги чекам резултатите, но мојот доктор смета дека станува збор за Гравесова болест”, напишала Молен.

Џени во продолжение објаснила дека многу медиуми пишувале дека таа боледува од анорексија, со оглед на тоа дека брзо ослабнала по породувањето, но најверојатно станува збор за пореметување на штитната жлезда.

“Доколку неодамна сте се породиле и брзо сте ослабнале за краток период, имате чувство дека сте на кокаин, косата ви опаѓа и мислите дека вашиот сопруг е идиот, можеби е виновна вашата штитна жлезда. Проверете ја”, предупредила актерката во својата објава.