Џенаро Гатузо ќе биде заменет од Арсен Венгер!?

Џенаро Гатузо ќе биде заменет од Арсен Венгер!?

Арсен Венгер би можел наскоро да го превземе Милан.

Да потсетиме, Арсен Венгер е без ангажман од крајот на минатата сезона кога се збогуваше со Арсенал, а досега се поврзуваше со бројни клубови, меѓу кои и гиганти како што се ПСЖ, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Сепак, Французинот и натаму е без ангажман, а тоа наскоро би можело да се промени, пред се поради лошите резултати на Милан. Имено, Џенаро Гатузо е веќе на излезните врати на Сан Сиро, а би требало да биде заменет токму од Венгер.

Францускиот тренер пред неколку дена порача дека ќе се врати на тренерската работа на почетокот од следната година, па останува да почекаме и да видиме кој ќе биде новиот клуб во тренерската кариера на познатиот стратег.