Џејми Оливер се враќа на телевизиските екрани

Џејми Оливер се враќа на телевизиските екрани

Популарниот готвач кој минатата година прогласи банкрот сега се враќа на телевизиските екрани со нова емисија наменета за луѓето во изолација и карантин.

Тој со емисијата Keep Cooking And Carry On ќе готви со најосновните намирници кои најчесто се купуваа кога одекна пандемијата и кои луѓето ги имаат на залиха.

Со овој гест, Оливер помага и луѓето да се ангажираат со нешто за да може полесно да ги поминат деновите во изолација, но и да зготват нешто хранливо и корисно со намирниците кои ги купија во огромни количини и сега не знаат што со нив.