Џејми Ли Кертис и нејзиниот татко заедно се дрогирале

Џејми Ли Кертис и нејзиниот татко заедно се дрогирале

Актерката Џејми Ли Кертис во интервју за еден магазин отворено зборува за својата борба со зависност од наркотици, а откри и еден шокантен податок дека одреден период се доргирала заедно со нејзиниот татко , познатиот актер Тони Кертис.

„Тоа беше единствен пат кога земав кокаин и едно време земавме заедно. Тој беше чист некое време, обидувајќи се да се откаже околу три години, но тоа не можеше да  потрае“, рече Џејми.

Во 2010 година, Тони Кертис почина од срцев удар на 85-годишна возраст, а Џејми продолува да се дрогира со таблети.

Џејми Ли Кертис се пријавила во програма за одвикнување од наркотици и зависности во 1999 година кога и му признала на нејзиниот сопруг со кого е во брак 33 години.

“Решив да го прекинам тој циклус што го уништи со генерации животот на моето семејство . Да се ​​биде трезен беше моето најголемо достигнување во животот. Поголемо од тоа да најдам сопруг, поголемо од тоа да имам две деца, поголемо од секој деловен успех, од се “, рече актерката, која е трезна во последните 20 години, но сепак присуствува на состаноци за лекувани зависници.