Џејми Фокс и Кејт Холмс ја прекинаа петгодишната врска

Џејми Фокс и Кејт Холмс ја прекинаа петгодишната врска

Џејми Фокс и Кејт Холмс ја прекинаа петгодишната врска и ја откажаа венчавката, а наводно причината била тоа што Кејт не можела да прости неверство.

Парот е во врска од 2013 година, но јавноста за тоа дозна дури минатата есел, кога ги снимија папараци во Малибу. Мирор наведува дека изгледа оти Кејт раскинала бидејќи не можела на Џејми да му прости неверство.

Медиумите и претходно пишуваа за криза во нивната врска, кога Кејт била забележана со поранешното момче Џошуа Џексон.

Извор близок до парот вели дека Кејт била тажна поради тоа што иако медиумите дознале за нивната врска, Џејми се уште инсистирал да се кријат од јавноста.