Џејм Чарлс загуби 2 милиона претплатници

Еден од водечките Јутјубери за убавина, Џејм Чарлс, последните денови преживува драма, откако за само 48 часа загуби 2 милиона претплатници.

Причината е видео кавга со негова колешка.

Станува збор за Тати Вестбрук, која во 43 минутно видео до детали го раскажа својот однос со Чарлс, односно како ја измамувал.

Вестбрук на Јутјуб промовира здрава исхрана и со години го буткала на Чарлс на виралната сцена. Затоа збеснала кога видела како токму тој промовира додатоци на храна, кои се нејзини директни конкуренти.

Таа вели дека била шокирана од потегот на Чарлс.

Нејзиното видео за само 24 часа било прегледано 11 милиони пати, а за само последните неколку дена има 24 милиони прегледи.

Во петокот тој се обидел да и се извини на Тати, но тоа не му помогнало. Видеото со извинување е прегледано од петокот до сега 22 милиони пати. Но, Чарлс веќе ја претрпел штетата.

За последниве два дена загубил 2 милиона претплатници, додека Тати во истиот период доби нови 1,5 милиони следбеници на нејзиниот Јутјуб канал.

Многумина тврдат дека ова е крај на кариерата на Чарлс.