Џејда Пинкет Смит откри сочни детали од својата интима!

Џејда Пинкет Смит откри сочни детали од својата интима!

Актерката Џејда Пинкет Смит во својата ТВ програма “Red Table Talks” изнела голем број прогресивни ставови и детали од својот живот и вели дека се задоволува уште од рани години и знаела да доживее оргазам и до пет пати на ден.

46-годишната актерка експлицитно рекла дека почнала да го запознава своето тело кога имала само девет години.

Нејзе ја интересирале ерогените зони и уште тогаш била свесна за својата сексуалност. Пинкет Смит изјавила и дека сигурно имала подобро и попозитивно искуство со запознавањето со сексот од нејзината мајка.

“Мојата баба ме учеше како да се самозадоволувам, таа сакаше на време да сфатам што значи физичко задоволство. Не сакаше да паднам во рацете на некој маж кој поради својата мрзеливост ќе ме запостави и ќе ме убеди дека женскиот оргазам не е важен. Многу сум ѝ благодарна”, изјавила сопругата на актерот Вил Смит.

Џејда вели и дека како млада доживувала повеќекратни оргазми, но во почетокот ги доживувала само кога мастурбирала.

“Бев во експериментална фаза. Од оваа гледна точка мислам дека во тој момент имав и некој вид на зависност. И тогаш пресеков еден ден, си реков себеси – доста е, имаш по пет оргазми дневно”, искрено раскажала холивудската актерка.