Џеј Зи направил сметка од 80.000$ и оставил бакшиш од 11.000$

Џеј Зи направил сметка од 80.000$ и оставил бакшиш од 11.000$

Раперот Џеј Зи во њујоршки ресторан прославувал роденден на близок пријател, при што ја покажал својата „великодушност“. Цела ноќ се нарачувало шампањско (околу 40 шишиња), јастози и суши.

На крајот на ноќта, Џеј Зи и групата пријатели заедно направиле сметка од 91.135 долари, која раперот ја платил и оставил 11.000 долари бакшиш.

Повеќето обожаватели на социјалните мрежи се воодушевуваат на бакшишот што го оставил раперот, додека други коментирале дека напојницата е премала, затоа што била околу 14 отсто од вкупната сума, а вообичаено се оставало меѓу 15 до 20 отсто.

Џеј Зи после прославата во клубот Плејрум, пријателите ги одвел на вечера, која чинела 13.000 долари.

Раперот и неговата сопруга Бијонсе се познати по тоа што не штедат на подароци и забави со своето семејство и пријатели.