Џеј Ло проговори одговори на гласините околу неверството на својот вереник

Џеј Ло проговори одговори на гласините околу неверството на својот вереник

После објавата за веридба, во јавноста се појавија приказни дека Алекс Родригез имал афери со две жени додека бил во врска со Џенифер Лопез. 

Глумицата и пејачка Џенифер Лопез на средината на минатиот месец на социјалните мрежи се пофали со огромен дијамантски прстен на раката и со тоа ја објави веридбата со Алекс Родригез.Веднаш после тоа медиумите започнале да погодуваат кога ќе биде датумот за свадба и за тоа како ќе изгледа целата церемонија. Меѓутоа, во едно интервју Џенифер проговорила за тоа и многумина ги изненадила:

“Сè уште ништо не планираме. Само што се веривме. Веднаш после веридбата ме чекаа некои нови деловни проекти кои морам да ги завршам до крајот на годината па искрено не знам ниту да ви кажам што сè ќе се случува”.

“Всушност не сме сигурни дали воопшто сакаме да ја вметнеме венчавката во густиот распоред или сепак ќе почекаме. Ништо уште не знам”.

Image result for џенифер лопез запросување

На обвиненијата дека Родригез ја изневерувал со две жени, Џеј Ло одговори иако многумина тврдат дека можеби токму тоа е одложувањето на венчавката.

“Знам што е вистина. Го познавам Алекс. Тој исто така знае која сум јас. Едноставно среќни сме. Нема да дозволиме другите луѓе да говорат за нашиот однос, бидејќи ние знаеме што имаме”, рекла Џеј Ло во радио емисијата “The Breakfast Club”.

Пејачката исто така додала дека морала да стави крај на гласините, како и дека верува во љубовта со Родригез, но дали нивната врска ќе опстои останува да видиме.