Џеј Ло купи стан на 36. кат со поглед на Централ Парк

Џеј Ло купи стан на 36. кат со поглед на Централ Парк

Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез се подновија со стан во срцето на Њујорк. Луксузниот апартман во кој уживаат ги чинел 15,3 милиони долари.

Новиот дом на Лопез е сместен во највисоката станбена зграда во светот на њујоршката Парк авенија. Зградата има 96 ката, а станот на Џенифер и Алекс се наоѓа на 36-тиот кат и има поглед на Централ парк.

Новиот дом на пеjачката има три спални соби, неколку дневни и работни соби и четири бањи, библиотека, централна островска кујна со мермерен под и столчиња и бар за појадок, а се протега на отприлика 370 квадратни метри.

Самата зграда во која се наоѓа апартманот е добро опремена – има базен, теретана, приватно кино, ресторан во кој храната ја подготвува готвач награден со Мишелин ѕвезди, надворешна градина за зaбави, сала за бизнис состаноци, центар за рекреација, 24-часовно обезбедување и приватни лифтови кои водат директно до станот на музичката ѕвезда.
Подовите низ станот на Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез се од чисто буково дрво. Главната дневна соба е на крајниот агол од апартманот и од двете страни (север и исток) со огромни прозорци има прекрасна глетка на Менхетн.
Пејачката и бејзбол играчот ќе бидат првите кои ќе живеат во овој стан што на пазарот се продавал по цена од 17,5 милиони долари, но славната двојка успешно издејствувала попуст до 15,3 милиони долари.

Според процените, богатството на Џенифер Лопез изнесува околу 300 милиони долари, додека Родригез според десетгодишниот договор со американскиот бејзбол тим Њујорк Јенкис земаше повеќе до 30 милиони долари годишно.

Медиумите уште во ноември 2017 година пишуваа дека Џенифер и Алекс се во потрага по стан во Њујорк, а еден месец откако за првпат беа видени во највисоката станбена зграда потпишале договор за посочениот апартман. Купо-продажбата била финализирана во февруари, па веројатно, коментира „Обсервер“, тоа бил нивни подарок за себе за Денот на заљубените.