Џеј Ло изгледа се помладо и поубаво!

Џеј Ло изгледа се помладо и поубаво!

Џенифер Лопез, познатата пејачка и актерка моментално е на одмор во Италија со своето момче, Алекс Родригез.

Џенифер нè почести со неколку фотографии од нивниот одмор, а како што може да забележиме на фотографиите, нејзината хит боја е бела. На последните неколку фотографии, Џенифер секојпат е во бел аутфит, а исто така и нејзиното момче, Алекс.

Ti Amo Italia!!!! 🇮🇹 #summertimefun #bestlunchever #LoScoglio #desperatelyseekingItalia 💋💋💋

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Но, тоа што не може да остане незабележано на последното “селфи” е нејзината минимална шминка и големите обетки кои го надополниле целиот изглед. Изгледа дека Џеј Ло го пронашла својот идеален летен изглед, со оглед на тоа дека косата ѝ е собрана, шминката минимална, а накитот едноставен.

Џенифер често објавува фотографии на социјалните мрежи, а покрај тоа што се занимава со танц, таа многу внимава на нега на нејзината кожа, за што и самата изјавила во неколку интервјуа.

Дали се работи за одмор кој многу ѝ одговара или пак се работи за тренингот кој ја одржува, не може да остане незабележано и дека во секое “селфи” изгледа сè помладо и помладо!