Џеф ја покажа новата девојка во јавноста

Џеф ја покажа новата девојка во јавноста

Џеф Безос, за прв пат пред јавноста се појави со својата нова партнерка откако се разведе, а тоа реши да го направи на финалето од тенискиот турнир Вимблдон.

Сопственикот на „Амазаон“ заедно со Лорен Санчез го гледаа пет часа натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Федерер.

Безос само што се разведе официјално со својата сопруга Мекензи Безос во разделба што го чинеше 38 милијарди. Разводот се најавуваше од јануари, а претходно тие беа во брак 25 години.

Санчез е поранешна ТВ-презентерка, а позната е и по тоа што знае да управува хеликоптер.