Џастин и Хејли Бибер на насловната страна на Vogue

Џастин и Хејли Бибер на насловната страна на Vogue

Џастин Бибер и неговата сопруга, Хајли Болдвин, беа забележани на крајот од минатата година на снимање за едно списание.

Излегува дека парот ќе се појави на насловната страница на престижниот магазин Vogue во издание кое ќе биде објавено следниот месец.

Првиот поглед на насловната за која ќе се зборува, неофицијално се најде на интернет вчера. На него можеме да видиме љубовен пар кој позира во природа.

Покрај ексклузивните фотографии, во овој број ќе го добиеме и првото заедничко интервју на оваа интересна двојка. Деталите се уште не се познати, и засега добивме само една реченица што Бибер ја изговори тој ден:

„Тоа е сигурност што секогаш ја сакав.“