Џастин Бибер и Хејли Болдвин официјално се заедно

Џастин Бибер и Хејли Болдвин официјално се заедно

Иако се добри пријатели неколку години и честопати разгоруваа гласини дека се во врска, Џастин Бибер и Хејли Болдвин од неодамна започнаа да ја покажуваат својата љубов во јавност.

Славниот пар беше фотографиран во Бруклин додека си разменуваше бакнежи и нежности.

24-годишниот пејач и 21-годишниот модел за првпат беа фотографирани заедно како пар минатиот месец. Странските медиуми шпекулираат дека тие биле во кратка врска во 2016 година, а сега ја обновиле.