Џастин Бибер и Бела Торн ги привлекоа сите погледи

Џастин Бибер и Бела Торн ги привлекоа сите погледи

Мегапопуларни ѕвезди Џастин Бибер и глумицата и пејачка Бела Торн беа сензација на синоќешната премиера на филмот “Midnight Sun” кога сите погледи беа вперени во некогашните тинејџерски ѕвезди.

Иако и холивудските ѕвезди се појавија на славната сцена како неодоливи и распеани деца, со текот на времето драстично се промениле. Тие се вистински пример дека славата не секогаш може да биде добра работа.

Последните неколку години можевме да ги погледнеме во различни изданија од кои повеќето беа проблематични и непримерни, особено Бела која едноставно не знае како да го привлече вниманието, па се однесува чудно, како на црвениот тепих така и на социјалните мрежи.

Додека на друштвените мрежи никој не може да Ви забрани што ќе објавувате, на црвениот тепих постојат одредени правила на однесување кои би требало да се почитуваат. Сепак, овој пат не стануваше збор за нивното однесување.

Имено, иако е општо познато дека славните дами, но и мажите сакаат да се средуваат за црвениот тепих, тоа очигледно не важи за погоре споменатите ѕвезди, бидејќи синоќа Џастин се појави со мозолчиња на лицето, а Бела со влакнести пазуви кои сосема ја уништија креацијата која ја носеше.

За Бела ова не е прв пат да презентира влакнести пазуви во јавноста, а мора да признаеме дека Џастин исто така се запоставил.