Џанлука Вачи на грбот си го истетовира својот лик

Џанлука Вачи на грбот си го истетовира својот лик и на Инстаграм се пофали со новата тетоважа.

Италијанскиот милионер инаку е многу активен на социјалните мрежи и воглавно се појавува во гаќички за капење или во многу кратки панталони.

Неговото семејство е сопственик на фармацевтска компанија, а тој го наследи богатството. Ако се суди според фотографиите кои ги објавува Ваки е зависник од теретана и тетоважи.

Тој минатата година имаше финансиски проблеми, бидејќи банка поради долг од 10,5 милиони евра му ги заплени јахтите и недвижностите.

Педесетгодишниот  Вачи овој долг го нарече „мал и неважен“.