Despacito вратен на YouTube

Најгледаното YouTube видео, популарната песна Decpasito, хакерите успеаја да го отстранат од овој канал, кој беше пречекан со радост од оние корисници на кои оваа песна ги нервира.

Меѓутоа Despacito повторно е вратена на YouTube, на радост на другите.

Нападот го извршија двајца хакери, а пред да се отстрани спотот, наместо видеото беше прикажана фотографија на вооружена група луѓе.

Хакерската група која се пријавила како Prosox and Kuroi’sh напишала Free Palestine под клиповите.

Спотот има 5,24 милијарди прегледи.