Депај со амбиција да го носи дресот на Реал Мадрид!

Мемфис Депај , кој и не баш се пронајде на „големата сцена“ во дресот на Манчестер Јунајтед, овој пат е уверен дека може еден ден да заигра во Реал Мадрид.

Депај разочара во Јунајтед, но сега кога игра добро во дресот на француски Лион, тој размислува за враќање на фудбалскиот врв и има намера во иднина да го облече дресот на Реал Мадрид.

„Мислам дека ќе завршам во Реал Мадрид, а тоа е сериозна цел. Бог ми помага, тој ме води напред. Имав прекрасно време во ПСВ, но сакав да направам нешто повеќе во кариерата. Во Лион сум многу среќен и на некој начин можам да го споредам овој клуб со ПСВ“, изјави Мемфис Депај.