Денес сите во Скопје Сити Мол

Денес сите во Скопје Сити Мол

Дали сте подготвени за најголемиот шопинг настан за оваа година? Убаво одморете се, договорете ги вашите најблиски партнери за купување и тргнете во акција: незаборавен шопинг во Skopje City Mall на денот кога целиот свет го зафаќа шопинг лудилото наречено Black Friday!

Од денес 23 ноември (петок) во Skopje City Mall започнува Black Friday шопинг лудилото! Skopje City Мall нека биде местото кое сите вие љубителите на шопингот сигурно нема да го одминете. Од 10 часот продавниците на најголем трговски центар ќе обезбедат специјални попусти за сите купувачи во рамките на акцијата Black Friday за која обезбеивме одлични услови за шопинг пред новогодишните празници. Модните продавници, како и оние за бела техника најавија намалувања на цените кои ќе се движат од -20% до -70%.

И оваа година најавуваме продолжување на Black Friday & Weekend попустите во текот на целиот викенд, до недела, 25 ноември. По големата посетеност и заинтересираност за Black Friday во изминатите години каде за време на викендот поминаа повеќе од 100.000 луѓе, за овој Black Friday очекуваме уште поголем број на посетители кои ќе купат сè што им е потребно, по одлични цени. Исто така  организирани се и дополнителни интересни активности со кои пријатно ќе ги изненадат посетителите за овие три дена.

Затоа бидете први кои ќе ги искористат попустите. Не го пропуштајте најголемиот шопинг настан за оваа година!