Скопје Сити Мол ги изненади своите посетители за Светскиот ден на Нутела

Скопје Сити Мол ги изненади своите посетители за Светскиот ден на Нутела

Денес е светскиот ден на Нутела, еве како Скопје Сити Мол ги изненади своите посетители.

Тоа што го сакаме сите се вика Нутела. Нутела (итал. Nutella) е име на бренд, сладок крем од лешник, создаден од италијанската компанија Фереро.

Мала историја за Нутела: Иако Nutella влегла на пазарот за првпат во 1964 година, нејзиниот претходник Supercreme постои од 1951 година. Supercrema бил развиен од претходниот производ, Paste Giandiu, создаден во 1946 година од страна на Питер Ферер, основачот на компанијата. Главната состојка, лешник, е типичен производ на провинцијата Пиемонт од која доаѓа од семејството Фереро. Сите овие производи биле претходник на денешната мешавина на чоколади и лешници развиени во Италија по прекумерните даноци на какао кои го спречуваат нормалното производство на чоколадо. Првата Нутела Во 1963 година, Петровиот син Мишел Фереро решил да го усоврши Supercremu со намера да го шири брендот во Европа. Промрните биле некои негови состојки, имиџот и името на производот (“Нутела” – од англискиот збор “nut ” што значи лешник), а неговото лого остана непроменето до денес. Првата Нутела од фабриката на семејството Фереро во Алба, во Пиемонт, излегла на 20 април 1964 година. Производот му донесе голем успех на семејството и остана до денес популарен.

A што е тоа ја прави толку слатка Нутелата ? Точната содржина на производот е строго чуваната тајна на компанија Фереро. Според пакувањето, главните состојки на Нутела се шеќер, разни растителни масла, лешници и какао (овие состојки сочинуваат само 20% од производот). Рецептот на Нутела не е ист во сите земји. На пример. Во Италија, содржи помалку шеќер од оној произведен во Франција. Се продава како крем од лешник, бидејќи според италијанскиот закон нема доволно концентрација на какао да биде чоколаден крем. Кај нас во Скопје, денот на Нутелата се прослави во Скопје Сити Мол. Најголемиот тргови центар секогаш е тука за да не забавува и заслади со секакви настани. Погледнете како изгледаше денешниот сладок ден во Скопје Сити Мол.