Деми Мур на 54 години е права девојка

Деми Мур на 54 години е права девојка

Дали е до добрата нега или генот ? Некои дами во Холивуд изгледаат како воопшто да не стареат, а дефинитивно една од нив несомнено е Деми Мур (54) која и покрај годините секогаш е секси.

Поранешната сопруга на Брус Вилис и Ештон Качер, блесна на црвениот тепих заедно со своите колешки за време на премиерата на филмот Rough Night, во Њујорк.

Долгоногата црнокоса секогаш знаела како да ги сврти машките погледи кон себе, па воопшто не изненадува фактот што постојано и се лепат помлади момци.

По пропаднатиот брак со Качер и кратката врска со сегашното момче на Хајди Клум, Вито Шнабел, Деми ги стави врските на пауза и си посветува време за себе.