Дембеле се повреди-ќе паузира три до четири недели

Дембеле се повреди-ќе паузира три до четири недели

Французинот на дуелот против Лион кој Барселона го доби со 5:1, влезе во игра од клупата за резервни фудбалери и постигна еден погодок.

Сепак, настапот против Лион скапо го чинеше Дембеле кој заработил повреда на задната ложа, па ќе биде надвор од терените од три до четири седмици.

Ова е уште една во низата на повреди на крилниот напаѓач на Каталонците. Сепак, во прилог на Французинот е тоа што се повреди за време на претстојната репрезентативна пауза, па ќе пропушти само неколку натпревари на Барселона.

Најверојатно Дембеле нема да му биде на располагање на Валверде на дуелите против Бетис, Еспањол, Виљареал и Атлетико.