Демаркус Казинс нов играч на Голден Стејт!

Демаркус Казинс нов играч на Голден Стејт!

НБА лигата одамна не памети така бурен летен период со трансфери. Откако Леброн Џејмс од Кливленд се пресели во ЛА Лејкерс, дојде до уште една голема преселба.

Еден од најдобрите центри во лигата Демаркус Казинс премина во редовите на шампионот Голден Стејт Вориорс кој сега дополнително и тоа како има моќен тим.

Казинс минатата сезона ја помина во Њу Орлеанс, а во Вориорс пристигна како слободен агент. Во новата средина 27-годишниот кошаркар по сезона ќе заработува 5.3 милиони долари.

Минатата сезона на 48 меча просечно бележеше по 25.2 поени, 12,9 скока и 5.4 асистенции по натпревар.