Dell го претстави новиот Alienware

Dell го претстави новиот Alienware

Меѓу другото, новиот Alienware m15 на Dell може да се пофали со батеријата за која што од компанијата велат дека може да трае до 17 часа.

Dell го претстави новиот гејминг лаптоп од серијата Alienware, овој пат со екран со дијагонала од 15 инчи кој што го карактеризира револуционерниот индустриски дизајн, изработен со легури на магнезиум за повисок квалитет.

Alienware m15 е најлесниот и најтенок гејминг лаптоп досега, но и покрај намалените димензии и тежина, овој лаптоп ги има задржано своите силни гејминг перформанси.

Доаѓа во димензии од 14,3х10,8 инчи и само 2,16 килограми, опремен е со sub-17 Alienware тастатура со 1,4 милиметри “key travel”, anti-ghosting копчиња и четири Alien-FX зони.

Работи на осмата генерација на Интел процесори и Nvidia GeForce GTX 1060 OC или 1070 Max графичка карта кои се способни и за VR, а новиот Alienware m15 доаѓа и со дополнителна поддршка во вид на Alienware Graphics Amplifier.

Со очекуваниот пакет Alienware Command Center и AlienFX прилагодливо RGB осветлување, како и Alienware Cryo-Tech 2.0 за поефикасно ладење, од компанијата велат дека батеријата на Alienware m15 обезбедува и гејминг во траење од 17 часа. Овој лаптоп се продава по цена од околу 1299 долари.