Дел од колекцијата на Ким Кардашијан на Ebay!

Дел од колекцијата на Ким Кардашијан на Ebay!

Ким Кардашијан Вест презема нови работни ангжмани.

Овојпат е актуелна аукцијата на нејзината облека која се одвива преку Ebay. Парите од продажбата на облеката на Ким ќе бидат наменети за Детската болница во Лос Анџелес.

Понудените модни парчиња се облека, модни додатоци и чевли, сите од познати светки дизајнерски имиња. Оние што сакаат да купат модно парче од Кардашијан, треба да ја посетат страницата Ebay (поточно страницата на Кардашијан на Ebay) и да започнат со наддавање.

Доколку победите во наддавањето, ќе добиете можност и да се запознаете лично со Ким.

Аукцијата ќе трае до 25 февруари.