Дебакл на Реал пред своите навивачи!

Дебакл на Реал пред своите навивачи!

Ајакс направи големо изненадување и го елиминираше Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите што значи Европа по четири години ќе добие нов шампион.

Тимот од Амстердам влезе на средбата на Сантијаго Бернабеу со негатива од 2-1, но тоа воопшто не им пречеше на избраниците на Тен Хаг кои вечерва го освоија Мадрид со 4-1. Во главна улога беше српскиот репрезентативец Душан Тадиќ кој забележа две асистенции, а беше стрелец и на одличен погодок во 62 минута.

По неговите додавања во листата на стрелци се запишаа Зијеч и Нерес во првото полувреме, додека пак мајсторски погодок од слободен удар даде Шене во 72 минута.

Голот пак за Реал беше дело на Асенсио кој на овој начин ја продолжи одличната серија да погодува за кралевите во нокаут фазата. Ова за клубот од шпанската престолнина беше прва елиминација во оваа фаза од 2010 година.