Де Лихт утре потпишува за Јувентус

Де Лихт утре потпишува за Јувентус

Репрезентативецот на Холандија, Матијас де Лихт утре треба да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот со италијанскиот шампион Јувентус. „Старата дама“ на Ајакс за дефанзивецот ќе му исплати 75 милиони евра.

Наскоро ќе биде официјализиран трансферот на Де Лихт. Ги чекаме банкарските гаранции, тоа ни е важно. Мислам дека други пречки нема да има. – изјави спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.

Де Лихт со „бјанконерите“ ќе потпише петгодишен договор и ќе заработува 12 милиони евра по сезона. Јувентус во трката за Де Лихт ги победи Барселона, Пари Сент Жермен и Манчестер Јунајтед.