Де Лихт потврди дека преговара за трансфер ова лето

Де Лихт потврди дека преговара за трансфер ова лето

Капитенот на Ајакс кој е еден од најпосакуваните фудбалер за овој летен преоден рок конечно се огласи во јавноста по повод неговата иднина.

Младиот фудбалер речиси сигурно ќе ја напушти „Јохан Кројф Арената“ по одличните партии во последните две сезони.

Де Лихт призна дека веќе се одвиваат преговори, но не го посочи името на клубот, иако се верува дека тоа е Барселона која е најсериозен кандидат за неговиот потпис.

– Мојот последен натпревар на „Јохан Кројф Арената“? Не знам се уште. Има преговори, но се уште нема договор. Медиумите само пишуваат, – истакна капитенот на Ајакс за една холандска телевизија.