Де Лихт го напушта Ајакс!

Де Лихт го напушта Ајакс!

Младиот холандски фудбалер после одличната сезона во Ајакс доби неколку понуди од најголемите европски клубови, а на крајот се одлучи да се пресели во Јувентус.

Наводно Де Лихт веќе постигнал договор со управата на торинскиот клуб и наскоро ќе биде официјализиран неговиот трансфер во Јувентус.

Дека Де Лихт ќе го напушти Ајакс ова лето потврди и тренерот на холандскиот клуб, Ерик Тен Хаг.

„Знаевме што ќе се случи и дека Де Лихт ќе го напушти клубот. Тој е одличен играч и сега ќе мораме да најдеме замена за него, нешто што воопшто нема да биде лесно“, изјави Тен Хаг кој не откри каде младиот стопер ќе ја породлжи кариерата.