Де Лаурентис не се откажува од хрватскиот великан

Де Лаурентис не се откажува од хрватскиот великан

Аурелио Де Лаурентис пред два дена се најде во фокусот на вниманието со барањето кое го испрати до УЕФА, со која побара дозвола Наполи своите натпревари во Лигата на шампионите да ги игра на „Сан Никола“, стадинот на Бари.

Газдата на Наполи купи најголем дел од акциите на Бари и поради тоа побара дозвола Наполи да игра на стадионот на неговиот нов клуб, а додека чека одговор од европската куќа на фудбалот, контроверзниот газда призна дека има уште еден интересен проект во својата глава.

Де Лаурентис порача дека сака да инвестира и на балканските простори, или поточно во Хрватска каде сака да го врати фудбалскиот великан Хајдук сплит на старите патеки.

– Ако ми се даде шанса, ќе го купам Хајдук. Игравме пријателски натпревар во Сплит и постојано сум во контакт со луѓето од таму. Не знам зошто овој убав клуб е толку доле со рангот, подготвен сум да преговарам за тоа. Но, тоа сакам да го направам со директорите, не со фановите на клубот. Пред извесно време го преземав Бари, но тоа не значи дека не се грижам за Хајдук, сакам да го купам овој хрватски великан. Кажано ми е дека клубот е во рацете на фановите и дека не сакаат приватни газди, – вели Де Лаурентис во интервјуто за „Јутарњи лист“.