Давиде Балардини е нов тренер на Џенова

Балардини е нов тренер на Џенова откако Иван Јуриќ по поразот во градското дерби во сабоата од Сампдорија доби отказ.

Балардини минатата сезона беше на клупата на Палермо и по отказот на Јуриќ важеше за најголем кандидат за тренер на Џенова.

Новиот тренер на Џенова претходно во овој клуб работеше во два периода од 2010 до 2011 година и во 2013 година.