Даниел Рикардо и Макс Верстапен поминаа само со опемена од ФИА

Даниел Рикардо и Макс Верстапен поминаа само со опемена од ФИА

ФИА ги опомена двајцата возачи на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен за нивниот судар во Баку кој резултираше со предвреме завршена трка за двјцата. Двајцата минаа цела трка во меѓусебна борба за позиција пред 40-от круг кога австралијанецот се залепи во задниот дел од болидот на Макс.

ФИА објави куса изјава во која ги опоменува возачите:

Двајцата возачи придонесоа за сударот. Возачот на болидот со број 33 (Верстапен) направи два одбрамбени потега кои беа доста мали. Возачот на болидот број 3 (Рикардо) го направи потегот за претекнување во лево премногу доцна.

На стјуардите им е јасно дека иако инцидентот потекнува од потезите на болидот со број 33, возачот на болидот со број 3 исто така има вина.

Двајцата возачи изразија жалење во врска со инцидентот за време на сослушувањето кај стјуардите.

Рикардо и Верстапен од страна на тимскиот шеф исто така добија наредба да се извинат на сите во екипата.