Заборавена лозинка

Даниел Крег е најбогатиот таен агент 007

Даниел Крег е најбогатиот таен агент 007

Даниел Крег е најбогатиот Џејмс Бонд. Тој за прв пат се најде на листата „Sunday times rich list“, каде стои дека заедно со својата сопруга имаат богатство од 141 милион евра.

Крег потпиша договор вреден 113 милиони евра за 25 продолжение од авантурите на славниот таен агент 007, поради што влезе во топ петте најплатени актери во светот на филмот.

Првиот актер кој го глумеше Џејмс Бонд, Шон Конери, заработи 96 милиони евра, додека богатството на претходните актери не е ниту близу до бројката од 90 милиони, а Крег сега стана првиот Бонд со заработка поголема од 100 милиони евра.

Кога станува збор за листата на најбогати луѓе, првото место сега и припадна на Салма Хајек, која заедно со својот сопруг имаат богатство во вредност од 5,8 милијарди евра.

На врвот на оваа листа се уште и Џорџ Клуни, Мајкл Даглас и Даниел Редклиф, кој доминира меѓу младите ѕвезди кои стекнаа богатство снимајќи филмови.