До Далиќ пристигна понуда од која боли глава

До Далиќ пристигна понуда од која боли глава

Златко Далиќ ја доведе Хрватска до најголемиот успех во историјата на оваа фудбалска репрезентација, а фановите долго ќе го паметат како предводник на селекција која изнуди многу комплименти на ова СП во Русија.

По пристигнувањето на „коцкестите“ во својата земја, огромен број на луѓе излегоа на улиците да ги пречкаат хероите и селекторот Далиќ кој не можеше да ги задржи солзите радосници.

Според хрватските медиуми, веднаш после прославата, Фудбалската федерација на Хрватска не чекала и решила да му понуди нов договор со што според годишните примања, би му ги зголемила од 500 илјади евра на 1 милион евра.

Но, веднаш настана проблем, со тоа што на адресата на Далиќ пристигнала богата понуда, кој не би ја одбил никој, па веројатно и Далиќ. Се работи за сума од 5 милиони евра годишно кои би ги заработил хрватскиот селектор и тоа за потпис на договор на три години, но се уште не е познато името на клубот. На потег е тренерот, но што ќе излезе од ова, останува да покаже времето.