Дали знаете колку луѓе може да собере еден Smart?

Дали знаете колку луѓе може да собере еден Smart?

Многумина сметаат дека Smart автомобилот е изграден за две особи, но Австралијците веруваат дека овој автомобил може да собере уште многу патници…

Smart е автомобил што го револуционизираше возењето низ големите гужви. Целосното име на овој автомобил е Smart For Two, што значи дека е создадено за само 2 лица. Сепак, многумина се прашувата колку луѓе може да се склопат во ова возило.

Млада група од Австралија одлучи да го сруши светскиот рекорд и да стави неверојатен број на луѓе во еден мал Smart. Тие беа во можност да соберат 5 лица во гепекот, истовремено вметнувајќи дури 13 лица во внатрешноста на возилото, со што се постави светски рекорд од 18 лица собрани во автомобилот “Smart for Two“.

Значи, 18 е одговорот на прашањето колку луѓе можат да се склопат во „Смарт“ и ако не верувате во тоа, тогаш погледнете го видеото: