Дали Северна Македонија станува една од првите супер сили за канабис?

Дали Северна Македонија станува една од првите супер сили за канабис?

Мултимилијардерот и бизнисмен во областа на марихуаната Мајк Страуметис беше во посета на Северна Македонија каде што се сретнал со премиерот Зоран Заев. На фотографијата која што ја објавил на неговиот профил, Мајка напишал:

“Северна Македонија има голем потенцијал и се радувам што ќе бидам дел од претворањето на оваа земја во една од првите европски супер сили за канабис. Големи работи не очекуваат набрзо, затоа следете не.”

Можеме да забележиме дека во последниот период многу се зборува за канабисот кај нас и се повеќе екперти од оваа област доаѓаат да ја посетуваат нашата земја. Во Северна Македонија, одгледувањето канабис во медицински цели е законско уште од 2016 година – кога во парламентот беа усвоени измените на постојниот Закон за контрола на наркотични дроги и психоактивни супстанции.

Досега се издадени вкупно 27 дозволи за одгледување марихуана во медицински цели. Премиерот Заев е еден од погласните поборници за отворање на земјата кон нов пазар и ги охрабри локалните жители и претприемачите од регионот да влезат во нови, профитабилни бизниси. Неговиот братучед Трајче Заев е еден од инвеститорите во оваа област. Глобалниот пазар на медицинска марихуана во 2018 година вредеше седум милијарди евра. Се проценува дека оваа сума би можела да се зголеми тројно во текот на следните три години.