Дали се гледа крајот на Инстаграм инфлуенсерите?

Дали се гледа крајот на Инстаграм инфлуенсерите?

Ipsy е онлајн бренд за козметика, познат по пионерството во рекламирање на Инстаграм во светот. Моментално, овој бренд е повторно актуелен, но поради обратен ефект.

Компаниите во светот, и оваа година ќе истурат милиони евра на Инстаграм инфлуенсери кои ќе ги промовираат нивните производи и услуги. Но, тешкотијата во мерењето на вистинската придобивка од овие инфлуенсери и нивните постови, станува се поголема пречка кај дел од пионерите во Инста маркетингот, како Ipsy.

Instagram, во минатото познат како обична алатка за шерување слики помеѓу пријателите и фамилијата, денес прерасна во мега маркетинг алатка водена од таканаречените инфлуенсери. Овие нивни постови на Инстаграм се на рамниште на 30секунден спот во прајм тајм на телевизија, каде најголемите Инста селебрити фаци заработуваат минимум 100000 долари од еден пост со слика од производ.

Но, во последно време, поради овие неверојатни бројки на заработка, обичните инстаграмџии започнуваат со креирање на фејк база на следачи кои вештачки ја прикажуваат моќноста на еден инфлуенсер. А поради се поголемиот тренд, обичните следачи се помалку веруваат на брендираните постови на познатите инфлуенсери кои вештачки прикажуваат некој производ без притоа да го употребат на себе. Ова се само мал дел од негативните ефекти во Инстаграм инфлуенсерството, кои полека влијаат на маркетингот на оваа платформа.

Меурчето почнува да пука, каде и покрај зголемените бројки на маркетинг инвестирање во Инстаграм инфлуенсери (од 200 долари од пост кај обичен инфлуенсер со 10000 следачи, до пола милион долари на селебрити во 2019та), пропорцијата лајк/следач почнува да опаѓа, и во 2019 имаме пад во сите параметри.

Големите компании полека се свестат за овој тренд, и дел од своите маркетинг Инстаграм инфлуенсерски буџети ги прераспоредуваат во други алатки кои сеуште се поврзани и со Инстаграм но на друг начин преку промоција на производи купени од своите реални потрошувачи а не од фејк инфлуенсери.

Кај нас допрва почна да се користи инфлуенсерството, така да овој тренд кој е актуелен во Америка ќе дојде на нашиот пазар за некои 3/4 години. Сега за сега Инстаграм е број 1 на нашиот пазар (следете не нас обавезно на линков), и зема се поголем дел од колачот на останатите социјални мрежи.

Борбата ќе добие разврска во 2020, ние сме тука да ве информираме 🙂