Дали Путин ја официјализира врската со атлетичарката Алина Кабаева?

Поранешната руска атлетичарка Алина Кабаева во текот на појавувањето во Италија, го покажала прстенот на домалиот прст на десната рака, каде во Русија традиционално се носи венчален прстен.

Со години веќе се шушка дека таа е девојка на рускиот претседател Владимир Путин, па веднаш започнале гласините дека тајно се венчале.

Речиси десет години од првите гласини дека се љубовници, 34-годишната Алина при потпишување на автограми го покажала прстенот. Кремљ демантирал дека Алина е прва дама на Русија, но тоа не ги сопрело гласините, посебно не дека таа и Путин имаат и дете.

Иако е една од најубавите Русинки, Алина од 2008. година не се појавила со маж во јавноста. Од тогаш почнале и гласините дека паднала на шармот на тогашниот руски премиер. Во текот на години неколку пати носела прстен, но ништо не било потврдено.