Дали Меган Маркл ќе се одлучи да носи тијара?

Дали Меган Маркл ќе се одлучи да носи тијара?

Идната принцеза Меган Маркл се уште не се одлучила дали ќе носи тијара на венчавката со принцот Хари, а ако се одлучи за тијара, може да избере од една од најзначајните колекции во светот.

Кралицата Елизабета Втора, баба на принцот Хари, има повеќе од стотина тијари и според кралската традиција ќе и дозволи на Маркл да позајми една од нив.

Во кралската колекција има тијари со рубини, сафири и смарагди.

Одлуката на Меган најверојатно нема да биде позната до самата венчавка на 19. мај.

Овој детаљ го носеа и Лејди Ди и Кејт Мидлтон.