Дали мажите и жените може да имаат пријателски однос?

Дали мажите и жените може да имаат пријателски однос?

Чуден е пријателскиот однос помеѓу мажите и жените. Иако сме свесни суштества, во нас постојат инстинкти кои често знаат да бидат посилни од нашата свест, па поради тоа честопати ќе слушнете девојка да се заљуби во вашиот најдобар пријател. Токму поради оваа причина многумина сметаат дека мажите и жените не само што можат да бидат пријатели, туку и во такви односи, влијаат чувства на атракција.

Научниците од Универзитетот во Висконсин се обидоа да одговорат на ова прашање и да видат дали ова е вистина. Професорката Април Рехер, беше задолжена за оваа задача, и таа ги направи тестовите, каде што сака да дознае како мажите и жените се чувствуваат во мешани пријателства.

Резултатите покажаа многу интересни работи. Дури 49% од мажите признаваат дека чувствуваат некаква привлечност кон своите пријатели, додека  жените само 29%. Ова ни покажува дека мажите се тие кои во повеќето случаи се заљубуваат во своите пријатели и дека не можат да се задржат само на пријателски однос.

Меѓутоа, постои уште еден интересен факт. Кога станува збор за луѓе кои не се гледаат толку често и не се најдобри пријатели, привлечноста е многу помала и поретка. Но, кога мажите и жените се пријатели и се во секојдневен контакт, тогаш постои голема шанса да се појават емоции кои подоцна ќе доведат до односи што се посилни и поголеми од обичното пријателство.

Значи, како што можете да видите, многу е тешко да се одговори на прашањето – Дали мажите и жените можат да бидат пријатели?

Професорката Април тврди дека можат, но овие пријателства секогаш содржат мала доза на привлечност и љубовни емоции.