Дали јаглените хидрати се извор за дебелина?

Дали јаглените хидрати се извор за дебелина?

Кога и да почнеме да зборуваме за ефикасно губење на телесната тежина, прво што слушаме е: „Исфрли ги јаглените хидрати“. Дали тие навистина претставуваат најголем извор за дебелеење и дали треба потполно да ги исфрлите од исхраната?

За нашето тело да функционира, потребно е во него да внесуваме јаглени хидрати (како извор на енергија), масти (за да останеме сити) и протеини (за квалитетни мускули).

Значи, не се јаглените хидрати тие кои влијаат на зголемување на нашите килограми, туку тоа е последица на дневното внесување на калориите. Ако јадете многу повеќе калории отколку што ги трошите, едноставно ќе добиете на тежина.

Всушност, исхраната која содржи протеини, здрави масти и квалитетни јаглени хидрати, попрво ќе ве доведе до посакуваната намалена тежина, отколку кога би избрале една група намирници на кои ќе се базира вашата исхрана.

Точно е дека во текот на вашата диета фокусот треба да биде на протеините, за телото да може ефикасно да ги согорува мастите, но тоа не значи дека треба да ги исфрлите здравите масти и јаглените хидрати од исхраната.

За успешно да ослабнете, потребно е да внесувате калории и да ги трошите, затоа не заборавајте да вежбате!