Дали ја видовте кинеската копија на Vespa?

Дали ја видовте кинеската копија на Vespa?

Европскиот суд на правдата ја отфрли тужбата на италијанскиот гигант за мотори Piaggio против кинески производител што прави скутери што личат на италијанската икона Веспа. Канцеларијата за интелектуална сопственост (ЕУИПО) оваа недела донесе одлука дека кинескиот производител на мотори, Zhejiang Zhongheng не ги повреди правата на интелектуална сопственост на Веспа LX со својот скутер Znen Ves.

Поради бројните и значајни разлики, нема ризик корисниците да бидат збунети – забележаа судиите. Тие изјавија дека кинескиот скутер има „свои индивидуални карактеристики“ во споредба со Веспа LX, затоа што кинескиот модел има повеќе аголни карактеристики, во споредба со заоблениот облик на Веспа.

Piaggio првпат поднесе тужба за прекршок до судот на ЕУ во 2014 година. Производителот ја обвини кинеската компанија за копирање на дизајнот и обликот на својот најпродаван скутер, кој е на пазарот од 1946 година.

И покрај тоа што многу се обидуваат да ја копираат, популарноста на Веспа сепак го држи престолот меѓу скутерите ширум светот, што објаснува зошто италијанците се толку заштитнички за нејзиниот изглед. Од 2008 година, повеќе од 1,6 милиони нови Веспи се продадени ширум светот. Минатата година продажбата се зголеми за 16%, со повеќе од 210.000 единици.