Дали е срамота да доите јавно?

Дали е срамота да доите јавно?

Река Најару, постојано обвинувана за доењето јавно, провокацијата ја преточува во своја инстаграм страна на која исклучиво го промовира доењето, со цел комплетно рушење на стигмата…

“Страшно е всушност, колку жени обвинуваат жени кои дојат јавно, кога градите и брадавиците кои дојат дете станаат секс провокатор? Мислам според исклуството досега, најлоша беше девојката која седеше пред мене во авион и на глас ме нарече “одвратна“. Доењето е природна работа, нашите гради се створени да го нахранат детето. Секое поврзување на доењето со секс или било каква перверзија е “одвратно“!“ вели Река Најару.

Таа е мајка која наголемо ја заговара идејата, дека е здраво и треба детето да се дои по 12 месеци. Таа се решава да се бори со “проблемот“ на јавноста од доењето јавно, преку свој инстаграм профил на кој постојано поставува слики од доење јавно, се со единствена цел да докаже дека доењето не е срамно, грозно или сексуално!

“Ја доев ќерка ми секаде, секогаш кога беше гладна. Сега веќе е голема и не се доиме, но во периодот додека ја доев буквално секаде без страв се доевме, ресторани, продавници, улица, метро…Тоа беше мој начин да го сменам мислењето на јавноста, едвај чекав лош коментар, за да можам со сета сила да ги едуцирам луѓето. И нема да запрам додека таа стигма не исчезне“вели Најару.

Фотографката, сега позната активистка вели дека ја доела својата ќерка до 34 месеци, за тој период вели дека и бил најубавиот период во животот. Денеска, Најару има повеќе од 30.000 следбеници на инстаграм.